30 годишен човек заврши во кома од струен удар од iPhone

Само 2 недели по случајот со смртта на стујардесата која почина откако одговорила на повик додека нејзиниот телефон бил уклучен во струја да се полни, уште еден инцидент со популарниот IPhone.Кинезот Ву Јиантонг (30) завршил во кома, откако добил струен удар кога се обидувал да го уклучи на полнач својот  iPhone 4, пишува Daily Mail.
Телефонот бил две години стар а откако човекот паднал во бесознание неговата сестра веднаш се обидела да му помогне. Се обидела да го исклучи телефонот од струја но и таа добила мал струен удар.
„Го уклучи телефонот, го удри струја и тој падна на подот“ – вели сестрата која призна дека телефонот немал официјален Apple хардвер.
Човекот е веднаш пренесен во болница – успеале да го спасат но се наоѓа во кома.
Преземено од mkd-news.comКинезот Ву Јиантонг (30) завршил во кома, откако добил струен удар кога се обидувал да го уклучи на полнач својот  iPhone 4, пишува Daily Mail

Пронајдете не на следниве мрежи: