Пајажинести црни предмети на Марс предизвикаа шпекулации

Научниците се обидуваат да ги идентификуваат чудните црни пајажинести објекти кои се појавија на фотографиите од Марс.

Чудните црни објекти се видени од 300 километри над површината на Марс, што предизвикаа интерес и шпекулации дека неидентификувани објекти може да бидат гејзери, но дека може да бидат и колонии микроорганизми.

Презентирани се неколку фотографии од овие објекти, вклучувајќи и една преземена од страната на Орбитерот на Марс на 27 јануари 2010, на која се покажуваат  „мали црни флеки на сртови, главно на сончевата страна, кои изгледаат како пајаци да се сончаат наредени во редови”.

Овие објекти за прв пат биле забележани во 1998 година. Интересно, тие се појавуваат кога површината на Марс почнува да се загрева, што се заклучува од повеќето фотографии направени на иста локација, но во различно време од денот.

Тогаш кога зимата на Марс се приближува, тие исчезнуваат.

Фотографиите се објаснети во детали од Мајкл Бенсон во неговата книга „Паѓање на планетите: Визии за новиот сончев систем“.

Повеќето научници, вклучително и тимови за геолошко истражување од САД, Унгарија и Европската вселенска агенција, имаат свои теории, но водечко објаснување е дека предметите се гејзери на CO2 кој експлодира од под површината на планетата.

„Ако сте таму, ќе стоевте на плочи од мраз од јаглерод диоксид “, изјави Фил Кристенсен на Државниот универзитет во Аризона. „Сè околу вас, од јаглерод диоксид ќе фрла песок и прашина неколку стотици метри во воздухот. Земјата под вас ќе татне. Ќе го почувствувате во вашите вселенски чизми“.

И додека теоријата на гејзери е најпопуларното објаснување, таа допрва треба да биде потврдена.

Во меѓувреме, постојат некои интересни алтернативни теории, вклучувајќи и една од група на унгарски научници, кои шпекулираат дека предметите се всушност колонии на photosynthetic марсовски микроорганизми кои се појавуваат секоја година да се сончаат во топлото време.

Вашингтон, 05.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: