Дете пронашло исклучително сочуван мамут во Русија

Единаесет годишно дете пронајде исклучително добро сочуван мамут на далечниот север на Русија, јави во петок агенцијата АФП, додавајќи дека детето наишло на скелетот на животното додека се шетало покрај реката.

Јениа Евгениј Салиндер се шетал со братот покрај реката на полуостровот Таимур, во близина на Арктичкиот океан, кога почувствувал непријатен мирис и ги здогледал стопалата на мамутот, за што веднаш го информирал својот татко.

Директорот на Зоолошката градина во Санкт Петерсбург Алексеј Тихонов појаснува дека животното останало конзервирано до денес бидејќи се наоѓало во пермафрост-тло што е трајно замрзнато.

„Скелетот речиси во целост е зачуван, а во градниот кош можеби ќе го пронајдеме и срцето. Можеме да кажеме дека станува збор за мамут на векот“, рече Тихонов.

Москва, 05.10.2012. (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: