Откриена тајната на обоениот мед во Франција

Пчеларите од североисточна Франција беа многу изненадени кога нивните пчели произведоа мед со нијанси на сина и на зелена боја.

По неофицијалната истрага пчеларите од областа Рибеовил во Алзас утврдиле дека пчелите најверојатно се хранеле со сировина за производство на слатки којашто била оставена во контејнерите на блиската фабрика којашто е кооперант на светски познатиот произведувач на бонбони М&М.

„Обоениот“ мед во кошниците на француските пчелари беше откриен во август годинава.

Париз, 05.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: