Американската војска објави дека сите тенкови Абрамс од американско производство што администрацијата на Бајден му ги вети на Киев се пристигнати во Украина.
Во Украина пристигнаа 31 тенк, како и сите Украинци кои беа обучени на нив, заедно со муниција и резервни делови за тенковите, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на американската армија за Европа и Африка.
„Го исполнивме нашиот крај на зделката. Од овој момент, на нив останува да одредат кога и каде ќе ги покажат своите способности“, додаде О’Донел.
- Левица по демантот на Мијалков: Прашањето за Барутана не е само чие име стои на имотниот лист
- Трамп очекува разговорите меѓу САД и Иран да продолжат оваа недела и покрај отфрлањето на планот за прекин на огнот
- Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет, а помалку за работа
- Кој ве гледа низ камерата на телефонот? Проверете ја оваа опција сега
- Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија
- Вучиќ и ја предаде должноста на Брнабиќ
- Без вода денеска дел од Аеродром
- (Видео) Филипче: Им го откривме планот за распродажба – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери!
- Делови од Бутел, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Воените претставници велат дека може да помине одредено време додека Абрамс да бидат испратени на бојното поле, бидејќи Киев допрва треба да одлучи кога и каде да ги користи.
„Мислам дека Украина ќе размисли кога и каде ќе ги користи“, рече О’Донел. „Тенкот „Абрамс“ е пеколно оклопно возило, но не е сребрен куршум. На крајот на краиштата, решителноста на Украина да се пробие е најважна“.
Ветувањето на САД за донирање тенкови на Украина беше проследено со ветувањата на европските земји дека ќе испратат германски тенкови „Леопард 2“. Германија не сакаше да ја одобри оваа одлука додека Америка не објави слично ветување.
Првата земја што се согласи да испрати тенкови во Украина беше Велика Британија, која вети тенкови од своето производство.
Украина побара стотици западни тенкови за нејзината офанзива. До денес имаат добиено десетици, а добар дел од нив се уништени од руските сили.
Пронајдете не на следниве мрежи:



