Бундеслига, седмо коло

Loading...

 

Бундеслигашите викендов ќе ги одиграат натпреварите од седмото коло, кое во петок ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Аугзбург и Вердер.

Екипата на Аугзбург е единствената која по шест кола нема забележано победа и со два бода е последнопласирана на табелата. Вердер со седум бода се наоѓаат во средината на првенствената табела. 

Лидерот Баерн, кој има максимален ефект по шест кола против Хофенхајм ќе бара рехабилитација за поразот од БАТЕ Борисов во лигата на шампиони. Хофенхајм, пред еден месец го смени тренерот и од тој момент нема пораз во првенството. 

Актуелниот првак Борусија Дортмунд во дербито на колото ќе гостува во Хановер, „милионерите“ немаат право на грешка со оглед на тоа што веќе имаат минус од седум бода во однос на Баерн. 

Понеделник, 5. октомври:
Аугзбург-Вердер

Сабота, 6. октомври:
Баерн Минхен-Хофенхајм
Шалке-Волфсбург
Фрајбург-Нинберг
Мајнц-Фортуна
Гројтер Фирт-Хамбургер

Недела, 7. октомври:

Борусија Менхенгладбах-Ајнтрахт
Штутгарт-Баер Леверкузен
Хановер-Борусија Дортмунд.

 

Макфакс

loading...
Loading...