Намалена казната на Конте на четири месеци

 

Италијанскиот суд за спортска арбитража му ја намали суспензијата на тренерот на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, Антонио Конте од десет на четири месеци.

Согласно одлуката, на Конте му е дозволено да се врати на фудбалските терени на осми декември, наместо во јуни наредната година, како што беше претходно одлучено.

Судскиот совет заклучи дека Конте додека бил тренер на Сиена не го држел фудбалерот Салваторе Мастронунци надвор од екипата затоа што играчот не сакал да учествува во местење на натпревар.

Суспензијата на четири месеци му се одредува на Конте, бидејќи не пријавил дека натпреварот Сиена Албинолефе бил наместен.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: