Скокот на Феликс Баумгартнер од работ на вселената одложен за вторник

Скокот на австрискиот авантурист Феликс Баумгартнер од работ на вселената наместо во понеделник, е одложен за вторник заради лошите временски услови.

Метеорологот Дон Деј соопшти дека скокот ќе мора да се пролонгира за еден ден заради студениот фронт проследен со силен ветер и можен дожд.

Одложувањето нема да има влијание врз подготовките за потфатот.

Баумгартнер ќе се обиде да скокне од работ на вселената, од височина од 36,5 километри и да го собори рекордот поставен од Џо Китинџер, кој скокна од 29 километри во 1957 година, како и уште неколку други рекорди, меѓу кои и пробивањето на звучниот ѕид при слободен пад.

Росвел, 06.10.2012. (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: