Гути:Меси е подобар од Кристијано Роналдо!

 

Атмосферата пред неделното „Ел класико” меѓу Барселона и Реал дополнително ја зоврива легендата на Реал Мадрид, Хосе Мариа Гутиерез, попознат како Гути.

На прашањето кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, поранешниот фудбалер на кралскиот клуб одговара:

„Обајцата се одлични играчи, но сепак мислам дека Меси е подобар. Покомплетен е!”.

Гути се осврна и на самиот меч.

„За Барселона во тој двобој улогот ќе бидат само три бода, додека за Реал неделниот меч е финале. Во случај на пораз ќе имаат 11 бодови помалку од Каталонците”, истакнува Гути.

 

Макфакс

извор: Дневник ХР

Пронајдете не на следниве мрежи: