Меси:Мурињо е одличен тренер, а Кристијано голем фудбалер

Loading...

 

Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси даде интервју за интернет порталот todobarcelona.net.

Меси мораше да одговара на различни прашања, а меѓу другото и за Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо.

„Мурињо е одличен тренер што многу добро си ја работи работата. Кристијано е пак, голем фудбалер”, рече кратко не многу зборлестиот Меси.

Како најсилен адут на Барселона Меси го смета заедништвото.

„Лидер на Барселона сме сите ние како тим. Играме како еден и не ни е гајле за индивидуалната статистика”, вели Меси.

Што се однесува околу евентуалното доаѓање на Нејмар, Аргентинецот без посебно мислење.

„Тоа е работа на клубот. Ако тие сметаат дека е потребен, тогаш е добредојден”.

Иако многумина се сомневаа во Тито Виланова откако Пеп Гвардиола го напушти тренерското место, поранешниот помошен тренер одработува одлична работа како прв човек на каталонскиот тим.

„Ви реков дека ќе го гледате истиот клуб како и минатите сезони. Тито размислува како Пеп. Ништо се нема променето”, рече Меси.

 

Макфакс

извор: Дневник ХР

loading...
Loading...