Најискреното CV напишано до сега

Loading...

Комплетно не сум подготвен за работа под притисок, како и прекувремена работа, освен ако за тоа не сум дебело платен.

Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт.

Функционирам на принципот колку пари, толку музика. Исто така, совршено не ме интересира тоа што сте во минус и очекувам дека сите ваши законски обврски ќе ги завршите на време, и дека ќе ги испочитувате сите празници, како и годишниот одмор.

Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.

Комуникативен сум со пријатен и љубезен свет, за дркаџии имам краток фитиљ. Пцујам на неколку светски јазици, но сериозна преписка и разговор можам да имам само на мајчин јазик и на англиски, и не се просеравајте со мултинационалноста на компанијата, бидејќи и тоа што ви го давам е многу.  Тоа што од време на време, ќе направите некоја зделка со Србија, Босна, Хрватска или Словенија не ве прави вас сериозна мултинационална компанија.

Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.

Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.

Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа.

Тоа што сте биле на два, три семинари, не ве прави образована личност. Што не знам, ќе го научам, не сум дебил. И, да, постојат работи во животот кои би ги правел од чист ентузијазам, за жал морам да ви соопштам дека работата која ја нудите, не е една од тие.

Со почит,
XXXX XXXXX

loading...
Loading...