Премиер лига: Сигурни победи на Сити и Челзи

 

Премиер лигашите на исклучително ефикасен начин го отворија седмото коло, на воведните пет меча постигнат е 21 гол.

Актуелниот првак Манчестер Сити со 3:0 забележа победа над Сандерленд. Мечот го обележаа головите кои о слободен удар ги постигнаа Коларов и Милнер, третиот гол го постигна Агуеро. 

Норич на „Стенфорд Бриџ“ со голот на Холт го отвори резултатот, но потоа играчите на Челзи постигнаа четири гола. Торез, Лампард, Азар и Ивановиќ беа стрелци на головите за лидерот во Премиер лигата. 

Екипата на КПР во која на почетокот од сезоната е вложена значителна сума на пари и по седмото коло нема победа. КПР, како гостин загуби од Вест Бромвич Албион со 3:2.

Два меча завршија со идентичен резултат 2:2, Свонси на домашен терен се спаси од пораз против Ридинг, откако ја стигна предноста на противникот од 0:2. Виган против Евертон имаше предност д 1:0 и 2:1, но гостите до бод стигнаа со гол од пенал, кој Бејнс го постигна во 85-та минута.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: