Диего Милито: Направете ни услуга, упатувајте свирежи кон Касано!!!

Напаѓачот на екипата на Интер им порача на фановите на екипата на Милан да на утрешното големо дерби го исвиркуваат напаѓачот на Интер, Антонио Касано, а со тоа би им направеле голема услуга на Интер.

„Нема да има никаков проблем доколку го исвиркуваат, напротив, ќе ни направат услуга. Премногу е искусен Касано за да вакви работи му прават проблеми на теренот. Тоа само би му ја зголемило желбата за победа“ изјави Диего Милито.

Големото дерби помеѓу екипите на Милан и Интер се игра утре-вечер со почеток од 20,45 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: