Венгер: Се надевам дека секој млад фудбалер го гледа Казорла како игра…

Тренерот на премиерлигашот Арсенал даде интересна изјава за медиумите на Островот каде со големи пофалби за својата игра ги коментира настапите на Казорла за Арсенал.

„Задоволство е да гледате што тој прави на теренот. Се надевам дека секој млад фудбалер во Англија ги гледа неговите натпревари“ изјави Арсен Венгер.

Инаку Казорла има 7 настапи за тимот на Арсенал, игра маестрално во средниот ред а забележа и два погодоци за овој тим.

Пронајдете не на следниве мрежи: