32-ри Саем на книга од 8 до 14 септември ќе се одржи на отворено

Саемот на книгата ќе се одржи и годинава, но во согласност со протоколите за заштита од ковид-19, соопштија организаторите.

Тој ќе трае од 8 до 14 септември и ќе се организира на отворено кај арената „Борис Трајковски“, кај Аквапаркот во монтажни објекти.

„Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. Согласно протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата на РСМ, за Саемот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста, првпат оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор“,се вели во соопштението.

Од 8 до 13 септември саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а на 14 септември работното време ќе биде од 10 до 17 часот.

Билетите за влез ќе чинат 30 денари, а за деца и млади до 18 години 20 денари. Тие ќе може да се купат онлајн и на билетарниците пред влезот на саемот.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.