Нејмар: ПСЖ? Би ми било чест…

Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Нејмар, даде интересна изјава денес за француската државна телевизија, каде наведува дека би му претставувало чест и задоволство доколку еден ден го носи дресот на ПСЖ.

„Би ми било чест, би сакал да заиграм еден ден во тандем со Златан Ибрахимовиќ. Мојот сон е да играм со големи ѕвезди, а Ибрахимовиќ е еден од нив“ изјави Нејмар.

Сепак, Вагнер Рибеиро вели дека нема да игра во Европа, барем не уште две години.

„Нема да го напушти Сантош пред 2014-тата година, нема да заигра во Европа пред Светското првенство“ изјави Рибеиро.

Пронајдете не на следниве мрежи: