Серија А: Рома сигурна против Аталанта, Јуве се намачи со Сиена

Ламела во 30-тата минута го доведе тимот на Рома во водство од 1-0, конечните 2-0 на дуелот Рома-Аталанта ги постави Бредли во 62-рата минута од мечот.

Неспортски меч се играше на „Артемио Франки“, каде се сретнаа тимовите на Сиена и Јувентус, дури 9 жолти картони беа доделени на овој натпревар, а 7 од тие 9 беа доделени на тимот на Сиена. Пирло од слободен удар го донесе својот тим во водство од 0-1 во 14-тата минута на мечот. Калаијо во 45-тата минута израмни на 1-1 и навести интересно второ полувреме.

Сепак, конечните 1-2 за Јуве ги постави Маркисио во 85-тата минута.

Рома-Аталанта 2-0

Катанија-Парма 2-0

Фиорентина-Болоња 1-0

Пескара-Лацио 0-3

Сиена-Јувентус 1-2

Торино-Каљари 0-1

Вечерва од 20,45 часот се среќаваат Милан-Интер односно Наполи-Удинезе.

Пронајдете не на следниве мрежи: