Фото/Видео: Меси vs. Роналдо 2:2

„Ел Класико“ го одбележаа двата фудбалски великани од играчи, Меси од едната, Роналдо од другата страна, ова е воведниот коментар за вечерашниот шлаг на европско-светскиот фудбал, популарното „Ел Класико“ кое заврши без победник, односно 2-2.

Први во водство дојдоа фудбалерите на Реал Мадрид во 23-тата минута, стрелец беше Кристиано Роналдо, на асистенција на Карим Бензема.

Лионел Меси во 31-вата минута израмни за Барса на 1-1, и така гласеше резултатот при првиот дел од овој меч.

Во вториот дел аргентинскиот фудбалски АС го доведува својот тим во водство од 2-1 во 61-вата минута.

Кристијано Роналдо потврди дека е во одлична форма уште еднаш стрелајќи за својот тим, овој пат за израмнување, 2-2 во 66-тата минута од мечот, асистент беше Месут Озил. 

Пронајдете не на следниве мрежи: