Интер победи во дербито, Пандев стрелаше за победа на Наполи!!!

Екипата на Интер славеше со 0-1 на дерби дуелот во Италијанската Серија А против екипата на Милан, во фокусот на македонските љубители на фудбалот е победоносниот гол на Горан Пандев за Наполи на дуелот со Удинезе на домашен терен.

Самуел во 4-тата минута од мечот му донесе голема победа на тимот на Интер во дерби-дуелот со екипата на Милан.

На другиот натпревар, Наполи на домашен терен со 2-1 го совлада незгодниот Удинезе. Она што е најинтересно за овој меч, сите голови беа постигнати во првиот дел, прво Хамшик стрелаше за 1-0 во 30-тата минута, Пинци израмни на 1-1 во 43-тата минута, но само 2 минути потоа на сцена настапи Македонскиот интернационалец Горан Пандев кој со погодокот во 45-тата минута го доведе својот тим во водство од 2-1, така гласеше и конечниот исход на мечот.

Пронајдете не на следниве мрежи: