петок, 27 ноември 2026
Најново

33-годишна жена пријавила закани со огнено оружје од партнерот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопјанка подолго време била жртва на семејно насилство од партнерот, но не го пријавувала. Викендов откако добила закани со огнено оружје се јавила во полиција.

– На 10.05.2026 во 05:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 22:00 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички ја нападнал неговата 33-годишна партнерка од Скопје и ѝ упатувал закани со огнено оружје, информираа вчера од МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според пријавеното, тој и во изминатиот период бил насилен кон неа, но досега не го пријавувала.

Поврзани вести