33-годишна прилепчанка убиена пред очите на нејзиното 10-годишно дете

Доцна синоќа во населбата Тризла во центарот на Прилеп по претходна расправија била убиена 33-годишна жена. Убиецот е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. На настанот присуствувало десетгодишното дете на убиената.
-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Припеп изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Обезбедени се и подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на обдукција на телото на починатата. Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода, соопштија од ОЈО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.