Нерешено на дербито во Франција

 

Златан Ибрахимовиќ напаѓачот на ПСЖ, во дерби дуелот во Марсеј, со два гола ја потврди високата класа.

Шведскиот репрезентативец во две минути постигна два гола, првиот во 23-та, а вториот во 25-та минута. Погодоците за домаќинот Марсеј го постигна францускиот репрезентативец Жињак во 17-та и 32-та минута. 

Со нерешениот резултат Марсеј ја задржа предноста од три бода во однос на ПСЖ. 

Резултати:

Брест-Бордо 1:1
Лориен-Лион 1:1
Марсеј-ПСЖ 2:2
Монпеље-Евијан 2:2
Сошо-Рен
Лил-Ажаксио 2:0
Бастија-Троа 3:2
Ремс-Ница 3:1
Тулуз-Валенсиен 2.2
Сент Етиен-Нанси 4:0.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: