Роналдо повреден, нема да игра за Португалија?

Loading...

 

Напаѓачот на Реал Мадрид го повредил рамето на мечот со Барселона со што го доведе во прашање својот настап во португалската репрезентација за претстојните мечеви во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Дербито „Ел Калсико“ што во неделата се одигра во Барселона заврши со резултат 2:2, а Роналдо ги постигна двата гола за својот тим. 

„Кристијано го повреди левото раме, за сериозноста на повредата ќе знаеме многу повеќе откако ќе бидат направени детални медицински прегледи“, соопштија од Реал Мадрид. 

Според наводите на весникот„As, од „кралскиот клуб“ се надеваат дека Фудбалската федерација на Португалија ќе ги прифати нивните медицински наоди, во врска со повредата на Роналдо. 

Португалија во рамките на Ф групата, во петок ќе и’ гостува на Русија, а четири дена подоцна во Порто ќе ја пречека Северна Ирска.

 

Макфакс

извор: танјуг

loading...
Loading...