Google и Samsung прават таблет со појасен екран од iPad

Американската интернет компанија Google во соработка со јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung ќе издадат 10-инчен таблет во линија на Nexus, чиј екран ќе има повеќе напредни опции од екранот на третата генерација на Apple – iPad.

Како што во вторникот пишува интернет страницата CNet цитирајќи го аналитичарот на компанијата NPD DisplaySearch, Ричард Шим, екранот на новиот модел на таблетот Nexus ќе има резолуција 2.560 на 1.600 пиксели, со дијагонала од 10,1 инчи и ќе обезбеди густина на пиксели од 299 dpi. За споредба, 9,7-инчниот екран на третата генерација iPad има резолуција од 2.048 на 1.536 пиксели и густината од 264 dpi.

Првиот Android таблет од линијата Nexus со седуминчен екран во дијагоналата беше претставен во јуни годинава. За неговото производство за интернет компанијата Google беше ангажиран Asus.

Претставниците на Google уште на самиот почеток нагласија дека тие не бараат профит од продажбата на Nexus 7. Според експертите, цената на компонентите на верзијата на таблетот со 8GB внатрешна меморија изнесува околу 152 долари, а неговата ата малопродажна цена во САД изнесува 199 долари.

Шим, исто така, изјави дека 10-инчниот таблет Nexus ќе претендира на врвните сегменти, коишто ќе влијаат на формирањето на неговата цена.

Во моментов, во сегментот на целоснодимензионалните таблет компјутери водечки е iPad на гигантот Apple, чиј удел од светскиот пазар на таблети изнесува две третини. Се очекува дека во наредните неколку седмици Apple ќе го претстави својот компактен модел iPad со дијагонала на екранот од околу 8 инчи.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: