Фелаини го напуштил кампот на репрезентацијата

Loading...

 

Еден од најдобрите белгиски фудбалери Маруан Фелаини, поради повреда ќе ги пропушти квалификациските натпревари со Србија и Шкотска.

Играчот на Евертон го напуштил кампот на репрезентацијата откако лекарскиот тим утврдил дека ќе му требаат најмалку три недели за да се рехабилитира од повредата. 

Претходно, исто така поради повреда, селекторот на Белгија, Марк Вилмотс, од обврските го ослободи напаѓачот Ромелу Лукаку. 

Пред двата важни дуели во квалификациите селекторот Вилмотс се соочува и со повредите на Венсан Компани (Манчестер Сити) и Аксел Витсел (Зенит). Овие двајца играчи се наоѓаат во кампот на белгиската репрезентација, но тренираат одвоено од остатокот на тимот.

 

Макфакс

извор: fifa.com

loading...
Loading...