360: Проширена предистрагата за нивите на „ЕВН Електрани“ – дали претресот во станот на О.Т. е потрага по „мозокот“ на шемата?

Крајот на минатата година ја одбележа и случајот на финансиската полиција за сомнителни купопродажни зделки на ниви, кои на крај завршиле во сопственост на ЕВН Електрани.

По трагите од јавно достапните податоци, „360 степени“ дојде до сознанија дека повеќе лица во Делчево и Берово, во септември купувале или добивале ниви на подарок за речиси веднаш да ги продадат и за 40 пати поскапо од пазарната цена на „ЕВН Електрани“ – фирма која сака да гради фотоволтаици.

Ливада во Делчево сомнително продавана и препродавана. Истрага на финансиската полиција која вознемири многумина

Она што засега е непознато е кој е „мозокот“ на шемата, но и клучно – каде завршил ќарот кога, на пример, ниви проценети од локалните власти дека вредат 20 денари за метар квадратен беа продавани за 800 денари.

Целиот текст можете да го прочитате на порталот: 360степени

Според Државниот завод за ревизија, голем дел од малите хидроцентрали се нелегални

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.