Галијани го доведува Гвардиола во Милан

Потпретседателот на екипата на Италијански Милан, Адријано Галијани одлучи да патува во Њујорк за да разговара со Пеп Гвардиола околу тоа да поранешниот тренер на Барселона се пресели во екипата на Милан, јавува „Газета Дело Спорт“.

Меѓу другото, се вели дека сепак ова ќе биде тешка мисија на Галијани, со оглед на фактот дека Гвардиола би сакал силен тим, би сакал големи засилувања за тимот на Милан, а сосема познато е дека италијанскиот тим во моментов не располага со доволно финансиски средства за исполнување на желбите на Пеп.

Пронајдете не на следниве мрежи: