Телохранител на Барселона ги собирал пијаните фудбалери

 

Поранешниот телохранител на аргентинската фудбалска мега ѕвезда Лионел Меси, Даниел Рохо во разговор за италијанскиот спортски весник „La Gazzetta dello Sport” открива дека една од задачите му била да ги обиколува ноќните клубови и да ги „собира” фудбалерите на Барселона кои испиле премногу.

„Почнав да работа во 2006 година, а набрзо почнаа да ме испраќаат по ноќните клубови за да ги собира алкохолизираните играчи. Повеќето не беа во состојба да ги управуваат автомобилите. Еднаш најдов играч кој имаше секс со две сестри во ноќен клуб во центарот на градот. Некој го снимил со мобилен телефон, па јас морав да го најдам тоа лице и да му ги избришам фотографиите од мобилниот”, изјави за весникот Даниел Рохо, поранешен затвореник кого го ангажирал тогашниот тренер на каталонскиот фудбалски гигант, холандскиот ас Франк Рајкард.

Според Рохо, ниту Холанѓанецот не се однесувал примерно: „Рајкард? Единствено што можам да кажам е дека ниту тој бе беше најдобар пример за играчите”.

Телохранителот открива дека имал добар однос со Лионел Меси кого го опишува како скромно момче.

„Неколкупати заедно ручавме. Меси е доста молчалив и скромно момче”, вели Рохо во разговорот за „La Gazzetta dello Sport”.

 

Макфакс

извор: Hina

Пронајдете не на следниве мрежи: