Хрватските тренери против тактиката на Штимац

 

Хрватската репрезентација, барем според она што селекторот Штимац го работеше на тренинзите, на „Филип Втори“, на Македонија ќе и’ се спротистави со само еден напаѓач, во формација 4-2-3-1.

Тренерската фела во Хрватска не е премногу одушевена од изборот на тактиката на Штимац, секако доколку тој се определи за оваа варијанта, која во првото полувреме на мечот во Загреб, македонските фудбалери многу лесно ја разбиваа.

„Добро, мислам дека не е коректно да му се мешам во работата на селекторт. Но кога веќе ме прашувате, хрватската репрезентација нема профил фудбалери за формација 4-2-3-1“, тврди тренерот на Локомотива, Томислав Ивковиќ. 

Според него, погрешна е тактиката Марио Манџукиќ да игра сам во нападот. 

„Погрешна е таа тактика, кога е сам во нападот Манџукиќ не е премногу опасен. Него му е потребен уште еден играч, Јелавиќ или Едуардо. Вториот напаѓач ги ’врзува’ стоперите, тогаш тука се уфрлува Манџукиќ и станува многу опасен по противничкиот гол“, смета Ивковиќ. 

Формацијата на Штимац не му се допаѓа ниту на Зоран Вулиќ. 

„Зошто Хрватска да се прилагодува на играта на Македонија? Македонија мора да се прилагоди на играта на Хрватска. Кога поради противникот ја менувата формацијата, тогаш тоа не е добро. Ние сме подорбри од Македонија, и така мора да се однесуваме во Скопје. Мораме да ја наметнеме нашата игра и да доминираме“, смета Вулиќ.

„Нешто слично игра Баерн Минхен. Овде е многу важно кој ќе игра на позцијата плејмејкер. Не знам, селекторот Штимац сигурно знае зошто се определил за таква формација. Тој најдобро гледа што се случува на тренинзите, во каква форма се репрезентативците, кој најдобро може да одговори на поставените задачи“, вели поранешниот хрватски селектор Златко Крањчар.

 

Макфакс

извор: jutarnji.hr

Пронајдете не на следниве мрежи: