Берлускони го продава Милан на челниците на ПСЖ

Силвио Берлускони има идеа која баш не им се допадна на навивачите на Милан, имено, тој размислува околу идеата да третина од својот клуб ги продаде на челниците на екипата на Француски ПСЖ.

Берлускони е веќе 26 години дел од Милан, смета дека би било правилен чекор да им се отстапи односно продаде една третина од клубот на челниците на ПСЖ, а тоа би го направил за околу 250 милиони евра, со што би дошол до финансиски средства.

Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва во летниот преоден рок се преселија во екипата на ПСЖ од Милан, а тимот од Италија доби одлични 62 милиони евра за овие трансфери.

Пронајдете не на следниве мрежи: