Лошите вести го подигнуваат нивото на хормонот на стресот кај жените

Лошите новински вести, како убиствата, го менуваат начинот на кој жените одговараат на стресните ситуации, покажа истражувањето на универзитетот во Монтреал.

Жените, поточно, лачат повеќе хормони на стрес на тестовите за утврдување на вознемиреноста откако во медиумите читале црна хроника, додека истите тие вести немале ист таков ефект врз мажите.

Експертите од универзитетот во Монтреал тврдат дека резултатите покажале „одушевувачки“ разлики меѓу половите. Научниците на жените и на мажите пред тестирањата им дале да прочитаат негативни или целосно неутрални вести, вклучувајќи ги оние за убиствата и несреќи, но и написи за филмски премиери. Откако го мереле новото на кортизол, утврдиле дека кај мажите било целосно непроменето, додека кај жените било зголемено. Научниците сметаат дека жените природно подобро се соочуваат со опасностите и заканите по своите деца, како и оти тоа го објаснува начинот на кој реагираат на стресот.

Меѓутоа, има една голема мистерија. Како група, жените многу повеќе реагираат на стресните ситуации, но тогаш ги надживуваат мажите за значителен број години. Научниците сега се обидуваат да одгатнат како жените успеваат да ги неутрализираат ефектите од стресот врз нивниот кардиоваскуларен систем. 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: