Apple може да ja користи сликата на швајцарскиот железнички часовник

Американскиот технолошки гигант Apple, чувствителен на заштитата на сопствениот дизајн, постигна договор и смее на своите производи да ја употребува сликата на часовник од железничка станица, заштитниот знак на швајцарската железница SBB.

Швајцарската железничка компанија SBB ги има правата на дизајнот на инженерот од Цирих, Ханс Хилфикер од 1944 година. Железницата во септември годианва објави дека може да го тужи Apple бидејќи тој часовник се појавил на новиот оперативен систем на iPad-от.

„За употребата на часовникот на некои од производите на Apple, како што се iPad-ите и iPhone-те, двете страни постигнаа договор кој му овозможува на Apple да го употребува часовникот од станицата на SBB во скалд со договорот за лиценца“, соопштија во петокот од швајцарската железничка компанија.

Сумата којашто американската компанија ќе ја плати како надоместок за лиценцата и другите детали до овој договор не се соопштени.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: