Куршум истрелан во канцеларијата на Обама

Loading...

Неидентификувано лице во петокот истрелало куршум во канцеларијата на претседателката кампања на американскиот претседател на заминување Барак Обама во градот Денвер, во сојузната американска држава Колорадо.

Од Куршумот бил распарчен прозорец на канцеларијата, а во инцидентот нема настрадани ниту повредени, иако во моментот на пукањето во просториите на изборниот штаб на Обама имало луѓе, пишува весникот Denver Post.

Според информациите на AFP, напаѓачот стрелал кон канцеларијата од автомобил во движење.

Локалната полиција е во потрага по напаѓачот, а од изборниот штаб на Бакар Обама не сакале да го коментираат инцидентот.

Макфакс

loading...
Loading...