Вселенски шатл на улиците во Лос Анџелес

Loading...

Вселенскиот шатл Endeavour, koj веќе не е во употреба, вчера се провозе низ улиците на Лос Анџелес на специјален транспортер кој го дизајнираше Boeing, а беше упатен кон неговото трајно место во локален музеј. За граѓаните на Лос Анџелес, тоа беше вистинско изненадување и сите возбудено го сликаа и пратеа.

Endevour е 37м долг и 24м широк, а висината на неговиот опаш е колку една петокатница. Полицијата изјави дека тоа е највисокиот објект кој поминал на улиците низ Лос Анџелес.

Низ градот, тој се движел со брзина од 3,5 км на час. Oвој проект вреди околу 10 милиони долари. Endevour е последен шатл кој НАСА го изложува во музеј. Во музејот во Вашингтон е изложена ракетата Discovery, додека во прототипот Enterprise е изложен во Њујорк. 

НАСА во јули оваа година ја прекина програмата со вселенските шатлови, бидејќи ја заврши изградбата на вселенската станица која чинеше 10 милијарди долари.

Во текот на 20 години, Endevour изврши 25 мисии за 299 денови во вселената. Изграден е како замена за Challenger, ракета која беше уништена при нејзинот обид за лансирање во експлозија во 1986, при што загинаа 7 астронаути. НАСА во 2003 изгуби уште еден вселенски шатл Columbia. 

 

Еndevour своето патување го започна од Флорида во средата, ја прелета базата на НАСА во Мисисипи, Луизијана и Тексас. Една ноќ остана во базата на на НАСА во Хјустон, за вчера да биде провозен низ улиците на Лос Анџелес. Во музејот треба да стигне до сабота.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Snoopy во киносалите

Во Италија продажбата на велосипеди на надмина продажбата на автомобили

Најскапиот коктел во светот

loading...
Loading...