Шест држави од ЕУ бараат враќање на визите за Балкан – поточно Македонија и Србија

Шест земји од Европската унија побараа пред два дена од европската комесарка за внатрешни работи Сесили Малмстрем, Европската унија до крајот на годината да преземе мерки за суспензија на безвизниот режим, дознава српскиот “Блиц”. Овој чекор се однесува на државите од западниот Балкан, во кој припаѓа и Србија. Добро упатениот извор “Блиц” пишува дека тоа не е конечно за одземањето на визите на грѓаните на Србија ќе им биде скратено, но сепак таа можност не смее да биде исклучена.

Се повеќе лажни азиланти се вратени во Србија и Македонија

“Блиц” дознава дека упатеното писмо за сметка на западно-балканските држави, го пратиле и се потпишале Белгија, Луксембург, Шведска, Германија и Холандија. Овие држави не напишале во писмото за кои земји од западниот Балкан се однесува, туку веќе се бара можност за суспензија за патување без визи за целиот простор. Добро упатениот извор “Блиц” наведува дека шест земји-членки од ЕУ во образложението наведува дека со месеци имаат прилив на лажни азиланти од просторот на западниот Балкан и поради тоа бараат од Европската унија да преземат мерки.

-Тоа практично значи дека од Брисел се бара до крајот на годината да се усвои измена на регулативата со која ќе се навести како можност за скратување на Шенгенот. Попрецизно објаснување во писмото се однесува да се пропишат услови за  воведување суспензивна клаузула на безвизниот режим и тоа би требало да биде усвоено на ниво на целата Европска унија – пишува изворот на српски “Блиц”.

Ситуацијата во Германија е алармантна. Таму гласините за суспензија на безвизниот режим се секоја секунда погласни. Тамошните медиуми пишуваат дека бројката на македонските и српските азиланти “експлодира”. Статистиката вели дека во јануари 2010 година имало 68 барања за азил од Србија, а во јануари оваа година 697, а пак предходниот месец имало 1395. Според бројките на покраинските министерства за внатрешни работи, реагираше и сојузниот министер Ханс Петер Фридрих, барајќи проверка за визната слобода на Србија и Македонија.

Германските меидуми наведуваат дека азилантите и визната слобода за Србија и Македонија ќе биде разгледана и на самитот на ЕУ за министрите за внатрешни работи и права на 25 октомври годинава.

Пронајдете не на следниве мрежи: