Факти за Храната и Пијалоците

Loading...

Дали знаевте дека алкохолните пијалоци ги содржат сите 13 минерали неопходни за живот.

 

Доколку не го знаевте ова и уште неколку останати интересни занимливоти поврзани со храната и пијалоците, тогаш прочитајте ја листата со интересни факти подолу.

–          Семките од јаболко содржат цијанид.

–          Во Велика Британија се конзумира најмногу сладолед од цела Европа.

–          Содата од цитрон ’’7UP’’ била создадена во 1929 година. Оргиналното име на овој пијалок бил ’’Bil-Label Lithiated Lemon-Lime Soda’’, кое подоцна е сменето во ’’7UP’’.

–          Со конзумирање на 8 јаготки ќе внесете повеке витамин Ц, отколку со еден портокал.

–          Во Белгија годишно се произведуваат околу 172 000 тони чоколадо.

–          Уапе индијанците, кои живеат во Амазонот, ја мешаат пепелта од нивните кремирани роднини со алкохол за потоа сите членови од фамилијата да ја пијат оваа состојка за спомен на починатиот.

–          Дипсоманија е неизмерна жед кон алкохолни пијалоци која никогаш не може да се задоволи.

–          Во 1980 година, Питер Дуранд ја измислил конзервата за зачувување на храната.

–          Медот е единствена храна која не се расипува.

–          Во 1830 година кечапот бил продаван како лек.

–          Жените кои пијат повеќе од 2 шољи кафе дневно имаат поголем ризик од развој на остеопороза.

–          Боровинките имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго овошје на земјата.

–          За да се направи едно еспресо потребни се 42 зрна кафе.

–          Во светот постојат околу 2000  различни видови на сирење.

–          Најскапиот зачин на светот е шафранот.

–          Алкохолните пијалоци ги содржат сите 13 минерали неопходни за живот.

Погледнете ги следниве статии

Алкохолна пица: Да, таа постои!

Snoopy во киносалите

Дали некој некогаш, гледал подобра комедија од „Глуп и поглуп“ 

loading...
Loading...