Будимпешта – Градот на термалните бањи

Постојат голем број на луѓе кои можат да се вљубат во еден град со само еден мал поглед кон него. Од друга страна пак, луѓе кои по подолг престој во истиот откако убаво ќе го запознаат, едноставно се приврзуваат, но сепак сите ќе се сложат: Будимпешта е градот кој дефинитивно ќе ви остане во срцето.

Широкиот Дунав тече низ средината на оваа метропола, делејќи ја ридестата Буда од рамната Пешта. Град со два милиони жители, богата историја, прекрасна архитектура. Но, она нешто што и ја дава посебната магија на оваа европска метропола се термалните бањи.

Бањи изградени уште за време на отоманскиот период (1541-1686), кои денес се користат за медицински услуги, рекреација и уживање.

Бањата’’Rudas’’ е една од бањите во Будимпешта која што се смета дека се наоѓа на непогодна положба, т.е. не е во склопот на централниот дел на самиот град. Со поставеност на кривата тесна линија помеѓу ридот Гелерт и реката Дунав, тие претставуваат одличен пример на архитектура која датира уште од времето на отоманскиот период. Карактеристично за овие бањи октогоналниот базен, кој добива светлина од 10 метарската купола поддржана на осум столбови.

Бањата, а воедно и хотел ’’Gelert’’ е изградена во 1918 година. Во 1927 година бањите биле проширени се со цел да се изгради брановит базен како и уште една бања, која била додадена подоцна во 1934 година. Со изобилството на шарени мозаици, мермерни столбови, обоени прозорци и скулптури, може си сигурност да кажеме дека е еден од најубавите бањски комплекси.

Уште една од низата термални бањи е и Szechenyi термалната бања. Еден од најголмите бањски комплекси во цела Европа и единствената бања којашто се наоѓа во Пешта. Медицинската внатрешна бања датира уште од 1913 година, додека надворешните базени од 1927 година. Додека престојувате во оваа бања може да уживате во атмосферата на величественост која се добива благодарение на специфичните светла во текот на ноќта, големите базени кои потсетуваат на старите римски бањи, помалите бањи поистоветувани со бањската култура на античките Грци, како и неверојатниот избор на сауни и масажи. Трите надворешни базени се отворени во текот на целата година, па дури и во зимскиот период.

Замислете кое задоволство би било да посетите барем една од овие бањи, да уживате во пријатната неверојатно богата атмосфера, да бидете дел од некоја забава на отворено притоа уживајќи во топлиот релаксирачки базен, и сето тоа и за време на зимскиот период. 

Погледнете ги следниве статии

Копаоник – Вашата дестинација за оваа зима

Дубаи – градот на иднината

Плитвички езера, Хрватска – најубавиот национален парк на Балканот

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: