Марфиеви закони на физиката

Loading...

И повторно Марфи и неговите закони. Овој пат на полето од физиката. 

–         Никогаш не е добро да му дадете до знаење на вашиот електронски апарат дека ви се брза.

–          Никогаш нема време за да се направи како што треба, но секогаш има време истото да се направи од почеток.

–          Најголемите откритија се направени по грешка.

–          Ќесата која ќе се скине, е онаа во која се јајцата.

–          Постојат две нешта на земјата кои се универзални: водород и глупост.

–          На која страна и да се завртиш кога влегуваш во лифт, копчињата ќе бидат на спротивната.

–          Ако се заглави примени сила. Ако се скрши и онака требаше да се замени.

–          Колку е поладна плочата на рендген апаратот, толку поголем дел од телото треба да го прилепиш на неа.

–          Ако на крајот добиеш погрешно решение, пробај да го помножиш со бројот на страната.

–          Работи подобро ако го вклучиш.

loading...
Loading...