четврток, 12 ноември 2026
Најново

Германец го најде автомобилот по две години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Маж во јужна Германија „го пронашол“ својот автомобил две години откако заборавил каде го паркирал, соопшти баварската полиција.

По пијанка во декември 2010 година, и безуспешната потрага по автомобилот следниот ден, сопственикот го пријавил во полицијата исчезнувањето на неговото возило.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Полицијата автомобилот случајно го пронашла септември 2012 годна, откако сообраќаен полицаец забележал дека има стара налепница на регистерската табличка. Автомобилот се наоѓал на местото оддалечено само 4 километри од локацијата на којашто неговиот 33-годишен сопственик мислел дека го паркирал.

Интересно, е што во автомобилот имало алат во вредност од 40 илјади евра.

Макфакс

Поврзани вести