Холандија се пласира на ЕП за фудбалери до 21 г.

 

Младата фудбалска репрезентација на Холандија, избори пласман на Европското првенство за играчи до 21 година. Холандија во бараж двомечот ја елиминира Словачка.

Младите холанѓани, кои на првиот меч победија со 2:0, во реваншот, кој го одиграа на домашен терен, забележаа идентчна победа. 

Вејналдунм во 56-та и Де Јонг во68-та минута од пенал беа стрелци на головите за Холандија. 

Останатите реванш натпревари, по кои ќе биде комплетиран спискот на учесници на ЕП ќе се одиграат во вторник.

Русија-Чешка (прв натпревар 2:0)
Швајцарија-Германија (1:1)
Норвешка-Франција (0:1)
Србија-Англија (0:1)
Шведска-Италија (0:1)
Данска-Шпанија (0:5)

Европското првенство за играчи до 21 година ќе се одржи во Израел од 15 до 28 јуни следната година.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: