4 знаци дека Инстаграм ви се меша во вашиот љубовен живот

Гледајќи ги фотографиите од „совршени“ парови пред прекрасно зајдисонце на Инстаграм може да ве натера да мислите дека вашиот љубовен живот и не е толку добар, без разлика дали сте сингл или пак, ги гледате објавите додека вашиот партнер нежно рчи на каучот покрај вас. Токму затоа и треба да си го поставите прашањето дали изложувањето на овие фотографии има некакво влијание на вас, како и на вашиот живот.

 

View this post on Instagram

 

Capri with babe @lillyghalichi

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on

Д-р Ана Мачин, еволуциски антрополог, писателка и новинарка, која е позната по својата пионерска научна работа за односите помеѓу луѓето, предупредила колку е опасно да верувате во совршените фотографии на паровите на Инстаграм. Таа направила соработка заедно со еден веб-сајт за запознавање, со цел да спроведе истражување за влијанието на Инстаграм на љубовните врски. Таа дошла до заклучок дека 1/3 од паровите и оние што се сингл се чувствуваат разочарано за својот живот кога гледаат „совршени“ фотографии од парови на Инстаграм.
Ова може да доведе до депресија и ниска самодоверба кај луѓето што почнуваат да се преиспитуваат себеси или своите врски, што во некои случаи доаѓа дури и со крај на врската. Д-р Мачин открила 4 знаци што даваат до знаење дека вашата врска е под лоши влијание од Инстаграм.
1. Љубомора
Ако сте љубоморни на паровите чии фотографии ги гледате на Инстаграм, тоа ќе ве поттикнува на караници со сопствениот партнер. Истражувањето покажало дека луѓето што премногу ги користат социјалните мрежи дупло почесто се караат со своите партнери и се исто толку понезадоволни од својата врска од оние што ги користат мрежите умерено.

 

View this post on Instagram

 

Where do you want to travel? @gregbennati

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on


2. Караница за објава на фотографии
Вие сте без сомнение под лошо влијание од Инстаграм доколку се карате со својот партнер околу бројот на заедничките фотографии што ги објавил, колку меѓусебно се „лајкувате“ и колку коментарите на објавите и фотографиите. Како последица на овие караници, вие почнувате да мислите дека на вашиот партнер не му е доволно грижа за вас бидејќи нема навика да објавува „заљубени“ фотографии од вас двајца.

 

View this post on Instagram

 

Bohemian wedding ? @hank_ge

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on


3. Претеран фокус на социјалните мрежи
Третиот знак се однесува на времето што го поминувате на Инстаграм. Ако поминувате повеќе време уредувајќи ги заедничките фотографии и проверувајќи го бројот на лајкови и коментари додека ги гледате туѓите фотографии отколку со вашиот партнер, тогаш без сомнение имате голем проблем.
4. Намален физички контакт со партнерот
Ако во вашите раце почесто се наоѓа вашиот телефон или таблет, отколку раката на вашиот партнер, треба да се запрашате како го поминувате слободното време и како се чувствувате во врската. Можеби е време за сериозен разговор со вашиот партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.