4 најлоши начини на раскинување

Со неверство
Ова е еден од најнесериозните начини за прекинување на врската. Доколку сакате да продолжите сами, соочете се со партнерот и направете го тоа сами. Не бидете брутални и нека не ви биде оправдување тоа што сте си нашле друг. Искрено, тоа повеќе кажува за вас како личност отколку за тој што му раскинувате. Ако дошла работата до изневерување, сигурно сте имале поголеми проблеми, но не сте имале храброст да се соочите.
Со наговестување преку Фејсбук
Ставањето на мистериозни и недоречени статуси кои треба суптилно да му дадат до знаење на партнерот дека повеќе не сте заинтересирани е во најмала рака детски! Истото важи и за менување на статусот во Single! Бидете храбри и раскинете со искрен разговор во живо.
Со SMS порака
Ова би рекле дека е дното. Подолу од ова нема. Расправии и надмудрување преку SMS се само одвратна фрустрација. Не паѓајте ниско. Бидете достоинствена и не раскинувајте преку порака.
Избегнување
Наеднаш престанувате да му се јавувате, постојано сте зафатени за него и велите дека имате многу обврски тие денови – всушност избегнувате секаков контакт за тој да почувствува дека нешто не е во ред со вашата врска. Со ова го подготвувате за она „Слушај, треба да разговараме…“
Можеби од сите, ова е најмалку болниот начин – но сепак немојте вака. Дечкото ќе излуди тие денови кога се обидувате да исчезнете.
Извор. lady.mkСо неверство
Ова е еден од најнесериозните начини за прекинување

Пронајдете не на следниве мрежи: