Морати во Интер вложил 1,16 милијарди евра

 

Сопствениците на трите најголеми италијански клубови Јувентус, Милан и Интер, изминатите децении во своите екипи вложиле преку две милијарди евра.

Без конкуренција е првиот човек на Интер, Масимо Морати, тој во последните 17 години, како сопственик на „нероазурите“, во клубот вложил 1,16 милијарди евра, пишува „Gazzetta dello sport“. 

На второто место е Силвио Берлускони, кој во Милан за 26 години вложил 593 милиони евра, додека семејството Ањели во Јувентус вложила 225 милиони евра. 

Сите три екипи во последните децении ја освојувале титулата во Лигата на шампиони. 

Морати според вложените средства е рекордер во Италија, но ја исполни целта да ја освои европската титула. 

Прашање е колку време ќе им треба да ја остварат таа цел новите богаташи во европскиот фудбал, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. 

Сопствениците на Сити веќе имаат вложено повеќе од 500 милиони евра во својот тим.

 

Макфакс

извор: gazzeta dello sport

Пронајдете не на следниве мрежи: