Италија без Буфон против Данска

Џанлуиџи Буфон нема да настапи на квалификацискиот натпревар за пласман на СП во Бразил, помеѓу Италија и Данска.

Голманот на Јувентус има проблеми со повредата на мускулот, па на голот на „азурите“ ќе го замени Морган де Санктис. 

Италија по три одиграни натпревари е лидер во Б групата со седум бодови, Данска има одиграно натпревар помалку и се наоѓа на претпоследното место со само два бода. 

Италија и Данска својот дуел кој ќе се одигра на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ќе го започнат во 20:45 часот. Главен судија на натпреварот ќе биде Словенецот, Дамир Скомина.

 

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: