УЕФА покрена дисциплинска постапка против Србија и Англија

Loading...

 

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

„Поради низа инциденти кои се случилед на стадионот ‘Младост’ во Крушевац, УЕФА покрена дисциплинска постапка против ФСС и ФА“, стои во соопштението на УЕФА.

„По наводните обвиненија, дека по завршувањето на натпреварот, навивачите на Србија упатиле расистички навреди кон англиските фудбалери. УЕФА покрена постапка против ФС на Србија, како и против играчите на Србија поради физички напад врз противнички играчи“, наведува УЕФА. 

Овие точки ќе бидат разгледани на редовниот состанок на УЕФА, кој е закажан за 22. ноември. 

ФА соопшти дека веќе вложил жалба до УЕФА, поради расистички навреди, а случувањата на натпреварот ги осуди премиерот на Британија, Дејвид Камерон. 

Инцидентите ги осуди селекторот на англиската репрезентација до 21 година, Стјуарт Пирс. Сепак тој истакнал дека директорот на сите фудбалски селекции на Србија, Саво Милошевиќ, бил во нивната соблекувална и се извинил за инцидентите. 

Некогашната легенда на англискиот фудбал, Пол Инс, чии син Томас играше на натпреварот во Крушевац, побара Србија да биде суспендирана во следните пет квалификациски циклуси.

 

Макфакс

извор: б92

loading...
Loading...