Шкотланѓаните не ја исклучуваат можноста за смена на селекторот

 

Серијата на лоши резултати во квалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил, ги натера челниците на Фудбалската асоцијација на Шкотска да ја разгледаат можноста за смена на селекторот Крег Ливејн.

Шкотска во првите четири кола, во А групата, освои само два бода (Србија и Македонија на домашен терен), а како причина за евентуална можна смена на селекторот е поразот од Велс. 

Извршниот директор на шкотската ФА, Стјуарт Реган, најави дека во следните денови ќе се разгледа можноста дали Ливејн и понатаму ќе ја има довербата да биде предводник на националниот тим. 

„Надлежните ќе разговараат со селекторот и ќе го слушнат неговото мислење по повод лошите резултати. Мора прво да се разгледаат сите опции пред да се донесе одлуката. Разочарани сме што се наоѓаме на последното место во групата, бидејќи со оглед на распоредот, сигурно очекувавме повеќе бодови“, изјавил Реган. 

Шкотска следниот квалификациски меч ќе го одигра на 22. март против Велс.

 

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: