Ешли Кол парично казнет

 

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го казни парично, со 90.000 фунти, играчот на Челзи Ешли Кол, поради неговите навредливи коментари на упатени на адреса на ФА, а кои беа објавени на неговиот профил на Твитер.

Англискиот репрезентативец, минатата седмица на Твитер ги нарече членовите на ФА ’куп ѓубриња’ по одлуката, неговиот соиграч Џон Тери да биде прогласен за виновен, поради расистичките навреди упатени кон Антон Фердинанд. 

Кол во меѓувреме ја повлекол навредата и упати извинување до сите членови на ФА, вклучувајќи го и претседателот Дејвид Бернштајн. 

Кол во истрагата за инцидентот сведочеше во корист на Џон Тери, поради што доби навреди од Рио Фердинанд, постариот брат на Антон. 

Цивилниот суд го ослободи Тери во вината, но ФА го прогласи за виновен и го суспендира од четири натпревари.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: