Тотенхем и Челзи во битката за Лондон

Loading...

 

Лондон, 19.10.2012 (Макфакс) – Викендов, Тотенхем и Челзи ќе го одиграат дерби натпреварот во англиската Премиер лига. Воедно тоа ќе биде првата средба на менаџерот на Тотенхем, Андре Вилас-Боаш со својот поранешен клуб, во кој мина нешто повеќе од шест месеци.

Вилас-Боаш доби отказ од Роман Абрамович во март годинава, поради серијата на лоши резултати, а за негов наследник беше промовиран помошникот Роберто ди Матео.  Пресметката на „Вајт Харт Лејн“, Челзи ја пречекува како лидер на табелата, додека Тотенхем е на петтото место со пет бодови помалку од лидерот.  „Не станува збор за никаква одмазда, ве молам. Немојте да претерувате. Овој меч не е од суштинско значење, по него до крајот на сезоната ќе мора да одиграме уште 30 натпревари. Ние се бориме за три бода, а не за трофеј“, изјави менаџерот на Тотенхем.  „Тие ни ги одзедоа местото во Лигата на шампиони, а минатата сезона беа подобри и во полуфиналето во ФА купот. Има тука многу елементи за спектакуларен двобој. Се надевам дека моите играчи ќе бидат доволно сконцентрирани и дека победата ќе биде наша. Тоа е она што го посакуваме“, рече Вилас-Боаш.  Инаку, Челзи покрај Манчестер Сити се екипите кои немаат пораз во досегашниот тек од првенството, Тотенхем, од друга страна, нема пораз на последните четири средби.
 
Макфакс
 

loading...
Loading...