Менаџерот на Ливерпул во јануари ќе го засилува нападот

Loading...

 

Тренерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, откри дека ќе добие пари, со кои во јануарскиот преоден рок ќе го засили нападот.

„Сите можат да забележат дека ни недостасува играч во шпицот на нападот“, изјавил Роџерс за клупската интернет страна.  „Ќе можам да донесам играчи по моја желба. Очигледно за такво нешто во јануари ќе има пари. Тим на скаути е на терен ги следи и собира информации за некои играчи кои се во нашите планови. Доколку не се премногу скапи и слободни тогаш се надевам дека ќе ги донесеме“, рекол Роџерс.  Ливерпул од почетокот на сезоната се соочува со проблеми во напаѓачката линија. Пред стартот на сезоната на позајмица во Вест Хем беше испратен Енди Керол, играч за кого Ливерпул на Њукасл му плати 35 милиони фунти.  Клубот, тогаш не реагира навреме и не донесе замена, па остана со само двајца напаѓачи Фабио Борини и Луис Суарез. Проблемите на Роџерс се зголемија по повредата на Борини, која од терените ќе го оддалечи најмалку три месеци.  Ливерпул оваа сезона го има најлошиот старт во првенството, во историјата на клубот, по првите седум кола „црвените“ имаат само една победа и со шест бода се наоѓаат на 14-то место на премиерлигашката табела. крај/liverpoolfc.
 
Макфакс
извор: liverpoolfc.com

loading...
Loading...