Бундеслига: Шампионот го пречекува Шалке

 

Рурското дерби на големите ривали, Борусија Дортмунд и Шалке е централен натпревар, кој ќе се одигра во рамките на осмото коло во Бундес лигата.

Гостинот е во нешто подобра форма, пред меѓусебниот дуел со актуелниот германски првак, Шалке се наоѓа на третото место на табелата со 14 бодови, два повеќе од Борусија која е на четвртата позиција.  Лидерот Баерн патува во Дизелдорф, каде го очекува тежок меч против Фортуна, екипа која првиот пораз го забележа во минатото коло.  Николче Новески дефанзивецот на Мајнц, кој по репрезентативните обврски се врати во својот клуб, во оваа рунда ќе гостува кај Баер во Леверкузен. Осмата првенствена рунда во Бундеслигата во петок ќе ја отворат Хофенхајм и Гројтер Фирт.  Сабота, 20. октомври: Борусија Дортмунд-Шалке Баер Леверкузен-Мајнц Волфсбург-Фрајбург Ајнтрахт-Хановер Фортуна-Баерн Минхен Вердер-Борусија Менхенгладбах Недела, 21. октомври: Нинберг-Аугзбург Хамбург-Штутгарт Табела: Баерн 21, Ајнтрахт 16, Шалке 14, Борусија Д., , Хановер и Баер 11…
 
Макфакс
извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: